Братислава
Од сите главни градови низ кои поминува најголемата река во Европа – Дунав, Братислава е убедливо најмал, меѓутоа тој факт не го прави ништо помалку значаен од од останатите централно-европски метрополи. Баш напротив, Братислава преставува уникатен, развиен,одлично организиран, туристички град, чија местоположба допринела Братислава секогаш да биде економски, стратешки, и културно значајна. Главен град на Р. Словачка, најбрзо растечката економија во Европската унија, а секако една од причините е токму Братислава.
Преку нашата Патувачка библиотека на занимливости и интересни факти, Ве носиме да ги запознаете несекојдневните приказни и информации поврзани со Братислава:
1. Кралското богатство и накит на Австро-Унгарија
Братислава отсекогаш бил процутен и просперитетен град, кој максимално ја искористил својата стратешка позиција на Дунав и на раскрсниците на важните европски трговски патишта. Во средновековниот период и подоцна во 18 век, тој бил значаен економски центар, а подоцна и културен и политички центар на Централна Европа. Благодарение на нејзината локација, во 16 век, Братислава стана главен град и крунисан град на Унгарското Кралство и место каде што се чувале неговото богатство и накит. Како прво, било далеку од напаѓачите Турци, но сепак блиску до империјалната Виена, од каде што се управувало целото Австро-унгарско Царство скоро во следните 500 години.
2. Град кој лежи на на две граници
Братислава лежи на границите со Австрија и Унгарија. Тоа го прави единствениот главен град во светот што се граничи со две земји. Австриската престолнина Виена е оддалечена само 60 километри од Братислава, што ги прави овие два града најблиските соседни престолнини на Европа.
3. Топовски ѓулиња во ѕидовите на куќите
Обележувањето на зградите со топови била вообичаена практика по Наполеонските војни. Во 1809 година Наполеоновита војска извршита артилериски напад над Братислава и голем дел од градот бил значително оштетен. Расфрланите топовски топчиња биле собирани од населението по наредба на власта и вметнати во изградбата и поправката на оштетените градби. Топовските топчиња требало да ги идентификуваат оштетените куќи и на тој начин да имаат право на даночно олеснување. Можете да ги најдете во Стариот град – на зградата на Стариот градско собрание, на улицата Михалска 6 или на палатата Апони. Сепак, денес многу од таквите куќи се срушени.
4. Мостот на Чак Норис
Во 2012 година словачката јавност доби можност да гласа за потенцијални имиња на новоизградениот мост кој ќе го поврзува северниот дел на Братислава преку реката Морава со австриското село Шлошхоф. На општо изненадување и чудење на светската јавност, граѓаните на Братислава убедливо го избраа името на актерот Чак Норис со 74% гласови пред далеку позначајните ликови од нивната историја како Марија Тереза и други. Сепак, власите одлучиле да не го испочитуваат изборот и новоизградениот мост за велосипеди да го именуваат како Мост на Слободата.
5. Најголем број на замоци и тврдини по жител во светот
Иако ова важи за цела Словачка, Братислава секако игра свој дел во целата приказна. Ова е еден од најинтересните факти за Словачка што ги изненадува патниците кои никогаш не ја посетиле Словачка. Замислете неверојатна бројка од 180 замоци и 425 утврдувања во земја со целокупно население далеку помало од Њу Јорк! Најпопуларните замоци како што се замокот Братислава, замокот Орава или замокот Бојнице привлекуваат илјадници посетители секоја година. Вистинскиот белег меѓу словачките замоци е несомнено средновековниот замок Спиш, кој спаѓа во најголемите замоци во Централна Европа и е вклучен во списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО.