Минхен

Не сте ја искусиле Германија на прав начин, доколку не сте го посетиле Минхен. Крајно традоционален град во кој се негуваат германските вредности, Минхен е лоциран во Баварија и е дом на Октоберфест, па затоа пивото е ОГРОМНА работа таму.  Особено поволен период да го посетите градот е во текот на летото, а до тогаш – да видиме што нуди Минхен преку Патувачката библиотека на занимливости и интересни факти:

1. Основан од страна на монасите

Да не биле монасите на Баварија, главниот град на оваа покраина во Германија немало да биде основан, бидејќи во 12 век војводата од Баварија им дозволил на монасите да започнат пазар, очигледно многу успешно, бидејќи се проширил во огромен град. Всушност, монасите имале главно влијание врз формирањето на градот, што е прикажано во неговото име, Минхен (на германски) потекнува од зборот Mönch (монах); но исто така станале симбол кој е претставен дури и на грбот на градот.

2. Мадам Баварија и нејзините тајни

Малку позната тајна е дека  толку импозантната статуа на Мадам Баварија (елегантно качена над теренот на Октоберфест)  всушност. може да се искачи. Така е – таен влез околу задниот дел ви овозможува да појдете по скалите на оваа шуплива дама за да го видите уникатниот поглед од нејзината глава. Се разбира, ова е платена атракција, но како и да е, вреди за поглед кој се случува еднаш во животот. Во минатото била најголемата статуа од ваков вид во целиот свет … сè додека не беше подигната друга бронзена убавица – самата Статуа на слободата!

3. Најубавиот градски парк во светот

Кога ќе помислите на градските паркови во светските метрополи, прво помислувате на Централ парк во Њу Јорк. Сигурно нема поголем и поубав. Меѓутоа има: Англискиот парк во Минхен – Englischer Garten е  најубавиот парк според мислењето на милиони туристи кои го посетиле и еден од најголемите урбани паркови во светот. Поголем е од Централ парк  и нуди забава и одмор за сечиј вкус. Има кинеска кула, што е важно затоа што веднаш покрај неа има градина за пиво. Значи, ако имате потреба од пиво, само следете ја кулата. Исто така, има поток со мини водопади. Во лето, исто така можете да пливате во потокот а водената струја е толку силна што може да ве прошета низ паркот. Забава без ограничување. Ако сте  авантуристи, всушност можете да сурфате во некој од потоците! Дури и ако не ви се допаѓа да сурфате, само прошетајте и уживајте.

4. Родниот град на BMW

Ако сте опседнати со автомобили, веројатно знаете дека Минхен е родното место на еден од најпознатите брендови на автомобили во светот – БМВ. Она што веројатно не сте го знаеле, брендот има свој музеј во градот! Таму можете да дознаете за историјата на компанијата, да најдете некои ретро модели; како и да дознаете за идните проекти и развојот на автомобилската индустрија во целина. Навистина фасцинантно! Не пропуштајте шанса да се чувствувате себеси во иднина и да седите во автомобил, кој сè уште го нема на пазарот.

5. Градот на пивото и утринските колбаси

Која е првата асоцијација што ви паѓа на ум кога ќе слушнете Минхен? Дали е тоа Октоберфест или „Пиво“? Ако вашиот одговор е да,  размислувате правилно, бидејќи овој познат алкохолен пијалок е силно вграден во културата на регионот; и не е ни чудо, бидејќи само во Минхен има повеќе од 60 градини за пиво. Покрај тоа, токму тука се наоѓа најголемата куќа за пиво во светот – Хофбрахаус – каде меѓу многу познати посетители биле Ленин, Хитлер и Моцарт. Исто така не за секого важи дека утро = кафе, за Баварците бели свински колбаси се неизбежен дел од појадокот. Интересно, јадењето „Вајсвурст“ за време на други оброци е табу тема во Минхен; очигледно тоа е дел од традицијата, бидејќи порано ова јадење се правело свежо секое утро и бидејќи не содржи конзерванси, не можело да трае долго, затоа морало да се јаде веднаш.Се разбира, во денешно време „Вајсвурст“ може да се купи, лади и да се јаде во секое време во текот на денот, сепак, не би сугерирале дека, Баварците, се прилично радикални кога се во прашање нивните традиции на храна.