Кралска Унгарија

Будимпешта - Вишеград - Естергом - Ст.Андреја

Од:
03/03/2022
До:
07/03/2022

Агенда:

1. Ден. Скопје - Будимпешта

Состанок на групата во договореното време и заминување за Будимпешта. Патот води преку Р.Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2. Ден. Будимпешта

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Попладне организирана прошетка по улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта пропратено со прекрасните звуци на виенски валцер,чаша шампањ и објаснување на локален водич. Враќање во хотел. Ноќевање.

3. Ден Естергом - Вишеград - Ст.Андреја

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта.  Вечерта можност за факултативна посета на Чарда – национален ресторан со богата уметничка програма и мени од унгарската национална кујна. Враќање во хотел. Ноќевање.

4. Ден. Будимпешта - Скопје

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и можност за посета на Зоолошката градина во Будимпешта – една од најголемите и најубавите во Европа и посета на замокот Вајдахуњад во близина на градскиот парк и плоштадот на Хероите или посета на шопинг центарот ,, Arena Moll,,.Околу пладне заминување за Македонија. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Цена на аранжманот:

Цена за рана уплата до 19.02.2022
6.760.00 денари

Дополнителни информации:

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Автобускиот превоз се врши со високо туристички автобуси на фирмата ББ Бус Турс и истите можете да ги погледнете на bbbustours.mk.
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Expo Congress 4* (https://www.mellowmoodhotels.com/hotels/expo-congress-hotel/) во Будимпешта.
  • Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Разглед на Будимпешта со локален водич 10 евра
  • Посета на национален ресторан Чарда 35 евра
  • Крстарење по Дунав со шампањ и локален водич 20 евра
  • Целодневен излет до Естергом и  Вишеград со  гратис посета на Ст.Андрија со локален водич 25 евра
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Влезници за културно – историските споменици и локалитети

НАПОМЕНИ:

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници. За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Дрим Холидејс и СКТМ. Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд. За резервација на аранжманот потребна е аконтација од мин.30%, целосна уплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање. Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање! Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.

Контактирај нé