Агенда:
1. Ден. Скопје - Грац
Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Грац. Патот води преку Р.Србија, Р.Хрватска и Р.Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.
2. Ден. Грац- Виена
Пристигнување во Грац околу во предпладневните часови и разглед со локален водич на градот кој има традиција на универзитетски град со 6 универзитети и најзачувано старо градско јадро во Европа. По разгледот следи посета на уникатниот настан посветен на “5тата сезона” во Австрија, сместен во центарот на градот каде има дури 16 божиќни маркети. Во попладневите часови заминување за Виена. Пристигнување во главниот град на Р.Австрија во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.
3. Ден. Виена
Појадок. По појадокот следи разглед на градот со локален водич: Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Палатата Белведере, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, Музејот на модерна уметност, катедралата Св.Стефан и Стефанплац, надворешноста на Дворецот Шенбрун, градините на Шенбрун, Глориетата и 32 те скулптури. Можност за факултативна посета на Дунавската кула со вклучена влезница, која овозможува прекрасен поглед на Виена на виисна од 230метри. По разгледот слободно време за индивидуални прошетки и шопинг низ некој од 7 те трагиционални божиќни маркети лоцирани во центарот на Виена – одлична можност да се почуствува празничниот дух во Австрија збогатен со вкусна храна и топол пунч. Враќање во хотел. Ноќевање.
4. Ден. Виена- Парндорф - Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Парндорф еден од најпознатите аутлети во Европа. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови заминување за Скопје.
5. Ден. Скопје
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен високо туристички автобус;
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4*во Виена;
- Разглед на Грац со локален туристички водич ;
- Разглед на Виена со локален туристички водич;
- Посета на шопинг аутлет центарот Парндорф;
- Лиценциран туристички придружник за времетраење на патувањето;
- Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Посета на Дунавската кула со вклучена влезница
- Патничко и здравствено осигурување