Агенда:
1. Ден. Скопје - Прага
Состанок на групата во договореното време и поаѓање за Прага. Патот води преку Р.Србија и Р.Унгарија. Ноќно возење со попатни паузи.
2. Ден. Прага
Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Доцна попладне организиран трансфер со јавен превоз до центарот на градот и разглед со локален водич на еврејската четврт – Јосефов, која преставува и најстара еврејска населба во Европа ( 13ти век ) со 6 синагоги, музеи и споменици. Можност за факултативно крстарење со брод по Влтава. Враќање во хотел со организиран јавен превоз. Ноќевање.
3. Ден. Прага
Појадок. По појадокот следува разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг во трговскиот центар Quadrio. Враќање во хотел. Вечерта факултативна посета на традиционален чешки ресторан со богата фолклорна програма и специјалитети од чешката кујна. Ноќевање.
4. Ден. Прага - Братислава - Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Скопје со попатна посета на Братислава. Пристигнување во Братислава околу пладне и разглед на градот со локален водич: Михалската порта, Катедралата Св.Мартин, Градското собрание, Националниот театар, главниот плоштад со Роландовата фонтата. Слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Скопје.
5. Ден. Скопје
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
- Превоз со модерен туристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*/4* во Прага
- Организиран трансфер со метро на релација хотел – центар на град – хотел
- Разглед со локален водич на Еврејската четврт
- Разглед со локален водич на Прага
- Разглед со локален водич на Братислава
- Организација и реализација на аранжманот
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
- Крстарење со брод по Влтава
- Посета на традиционален чешки ресторан
- Патничко и здравствено осигурување
- Влезници за културно – историските споменици