Агенда:
1 ДЕН 18.07.2024 четврток СКОПЈЕ-БУДИМПЕШТА
Состанок на групата во 19:00 часот. Поаѓање во 19:30 часот. Ноќно возење преку Р.Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН 19.07.2024 петок БУДИМПЕШТА – ХУНГАРОИНГ ПАТЕКА - БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. По пристигнувањето се упатуваме кон Формула 1 патеката за присуство на првиот и вториот тренинг. По завршувањето на тренингот се упатуваме кон хотел . Сместување во соби. Ноќевање.
3 ДЕН 20.07.2024 сабота БУДИМПЕШТА – ХУНГАРОРИНГ ПАТЕКА - БУДИМПЕШТА
Појадок. По појадокот, заминување кон Хунгароринг за присуство на третиот тренинг и квалификациите за главната трка . Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по реката Дунав со локален водич, каде ке има имате можност да го видите и почувствувате еден од најубаво осветлените градови во Европа и да се запознаете со сите негови главни знаменитости како: мостовите на Дунав, Цитаделата ,Рибарската тврдина, Парламентот…… Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН 21.07.2024 недела БУДИМПЕШТА – ХУНГАРОРИНГ ПАТЕКА - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Хунгароринг,слободно време за забава, посета на фан зоните и присуство на главниот настан Трката за големата награда на Унгарија . Поаѓање за Скопје по завршувањето на трката.
5 ДЕН 22.07.2023 понеделник СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.
Дополнителни информации:
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на дадената релација со модерен, високотуристички автобус;
- Сместување во хотел “ Zuglo” 3* http://www.zuglohotel.hu/index.php?lang=hu на база 2 ноќевања со појадок;
- Тридневна карта за тренинг, квалификации и главна трка за Големата награда на Унгарија на трибина Bronze 1 (билетите се со нумерирани седишта);
- Лиценциран туристички пратител за времетраење на аранжманот;
- Организација и реализација на аранжманот.
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Крстарење со брод по Дунав (со локален водич) 25 евра;
- Патничко и здрвствено осигурување
НАПОМЕНА:
Програмата е правена согласно моменталната официјална програма и саатници на F1, доколку има промена од нивна страна и нашата програма ке претрпи измени.