ПЛАТИ 10 ОСТАНИ 15 НОЌИ
1/2 студио – 31.490 МКД
1/3 студио – 36.750 МКД
Сивота е старо рибарско село, сега е модерно одморалиште со многу ресторани, кафулиња и продавници. Близината на Парга и Игуменица нуди можност за активен одмор, патувања до Крф, Пакси, Итака или Лефкада. Во пристаништето можете да изнајмите моторни чамци без дозвола, како и луксузни едрилици со кои може да се плови до Пакси или Крф.
Вилата Луцис се наоѓа на околу 400 метри од плажата „Завија“, на околу 450 метри од центарот на
Сивота (црквата) и околу 900м од пристаништето.
Вилата Луцис неодамна е делумно реновирана, со што е подобрен нејзиниот квалитет, каде
доминираат топлите тонови.
Ентериерот на вилата е комплетиран со беспрекорно уреден двор со летниковец, скара и др.
мебел за седење во различни делови од дворот.
Во својот состав вилата располага со комфорни студија кои се целосно опремени (шпорет со мини-
фурна, филтер кафе машина, тостер, миксер за фрапе, плинско за кафе, сеф, фен, LCD телевизор 32 инчи).
Секое студио има кујна (кујна со садови и прибор), со трпезариска маса и столици, фрижидер, клима, бања со тоалет, крпи, шпорет и тераса со мебел за седење, тие се дизајнирани да примат 2-4 лица.
Можно е паркирање пред вилата или недалеку од вилата.
Тип на сместување:
1/2 студио – во една соба кујна и два обични кревети.
1/3 студио – во една соба кујна, еден брачен кревет и еден единечен кревет.
1/4 студио – во една соба кујна, еден брачен кревет, еден обичен кревет и софа кревет.
*Користење интернет и клима е вклучено во цената
Погледнете го местото Сивота на следното видео: