**ПРОМО ЦЕНИ**
12.09 – 19.09
1/3 Студио – 179 ЕУР
1/4 Апартман – 199 ЕУР
19.09 – 26.09
1/3 Студио – 139 ЕУР
1/4 Апартман – 159 ЕУР
Цените се во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.
Во цената е вклучено:
- 7 Ноќевања,
- Интернет (Wi-fi)
- Клима
- Тотал ТВ
- Паркинг
- Базен (лежалки безплатно)
Во цената не е вклучено:
- Превоз,
- Патничко осигурување,
- Туристичка такса 1,5 евра на ден (се плаќа во агенцијата)
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
ОПИС:
“Андромеда Јоанис ” – (прв категорија по локална категоризација). За оние кои сакаат мирен одмор, без градската гужва, но и оние кои сакаат удобност вила “Андромеда Јоанис ” можи да ви го понуди тоа.
Лоцирана во мирниот дел на Пефкохори, на мал рид над црквата, одма под хотелот Атриум. Од центарот одалечена е на околу 300 м. а од плажата е околу 550м. или 8 мин одење. Огромен двор со простор за дружење, ТОТАЛ ТВ, базен голем, базен детски, лежалки (безплатно), тушеви, скара, паркинг.
Во рамките на Вила “Андромеда Јоанис ” имате можност за користење на следново:
- два базени (голем и мал за деца),
- лежалки и чадори покрај базен( користењето е БЕСПЛАТНО), ТОАТАЛ – ТВ
- тушеви
- сауна (со доплата од 5 евра за 2 часа користење),
- скара (користењето е бесплатно, но месото и ќумурот ги обезбедувате сами),
- паркинг – БЕСПЛАТНО,
- остава каде последниот ден можи да се остави багажот
Објектот содржи трокреветни студија и четворокреветни апартмани, со прекрасни тераси (некои гледат во грдината некои на базен).
Студиа: Три кревети (кауч + два стандардни кревети), кујна (фрижидер, шпорет со рерна, садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.
Апартмани: Спална соба со француски или два стандардни кревети, дневна со софа, трпезарија, кујна (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима (вклучена во цената), ТВ, купатило и пространа тераса.
Апп бр.1 – 1 спрат, спална соба со два одвоени кревети, дневна/кујна со софа на спуштање, кујна комплет опремена (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима, ТВ, купатило и пространа тераса – поглед двор.
Студио бр.7 – 1 спрат, француски лежај, клик-клак кревет, кујна комплет опремена (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима, ТВ, купатило и пространа тераса – поглед базен.
Апп бр.8 – приземје, спална со два одвоени кревети, дневна/кујна со едеинечен кревет и клик-клак кревет, кујна комплет опремена (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима, ТВ, купатило и пространа тераса – поглед двор.
Апп бр.13 – 2 спрат, спална соба со француски лежај, дневна/кујна со два единечни кревети, кујна комплет опремена (фрижидер, шпорет со рерна, садови), клима, ТВ, купатило и пространа тераса – поглед двор.
Апп бр.14 – 2 спрат, спална соба со два одвоени кревети, дневна/кујна со софа на спуштање, кујна комплет опремена (фрижидер, шпорет со рерна , садови), клима, ТВ, купатило и пространа тераса – поглед море.
Сликите служат да дадат општ впечаток за објектот. Содржината на објектот или апартманот, како и различните типови на соби може да се разликуваат.
Check in: 14:00h.
Check out: 09:00h.
Важна Напомена: За хигиената на апартманите се грижат самите гостии. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плаќа на лице место. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
GPS: 39.985320294732205, 23.6110449865084