Вила Ирис се наоѓа на фантастична локација, на околу 40 метри од плажата (преминувате улица), во самиот центар на одморалиштето, веднаш до училиштето и многубројните продавници, таверни, кафулиња, продавници за сувенири и други туристички капацитети. Поради близината на плажата, особено е привлечен за семејствата со мали деца, но и за сите гости кои сакаат да бидат во центарот на настаните и за кои близината до плажата е од клучно значење при изборот на сместување.
Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија лоцирани на прв кат и свртени кон улица (освен едно што гледа на задниот дел на друга куќа).
Сите сместувачки капацитети располагаат со основно опремена кујна (основни јадења, фрижидер, шпорет, основен прибор за јадење), бања, тераса со седење, ТВ и клима, чие користење се плаќа на лице место (6 евра на ден – цената е предмет на промена ). Во објектот е достапен бесплатен Wi-Fi интернет, чија брзина не може да се гарантира. Сместувачките единици немаат крпи (се користеа само за фотографирање), а постелнината се менува на половина пат од престојот. Самите гости ја одржуваат хигиената во сместувањето. Вилата нема сопствен паркинг.
Се препорачува за патници кои сакаат да бидат блиску до плажа и во центарот на сите настани!
*Едно дете до 7 години може да престојува во заеднички кревет*
Тип на сместување:
1/2 студио – во една соба кујна и два обични кревети
1/3 студио – во една соба кујна и три обични кревети
1/4 студио – во една соба кујна и четири обични кревети
*Користењето клима се доплаќа 6 евра на ден (цената може да се промени)
*Бесплатен Wi-Fi интернет (интернет услугата во објектот се активира на 1 јуни)
*GPS координати: 40.26500420479253, 22.59606669263542