РОДОС ПАКЕТ АРАНЖМАН ЛЕТО 2024
Родос, еден од најголемите и најпознатите острови во Грција е дестинација која што комбинира античка историја, неодолива архитектура и неодолива природна убавина.
Посетителите можат да го истражуваат средновековниот центар на Стариот град на Родос, кој е прогласен за светско наследство на УНЕСКО, со своите живописни
улички, средновековните зидини и Палатата на витезите. Плажите на Родос како Фалираки, Линдос и Агиа Триада се познати по кристално чистите води и белиот песок, со што нудат идеални услови за уживање и релаксација. Вкусната домашна гастрономска понуда како што се мусака, суфлаки, џандуга и многу други ги освојуваат срцата на сите посетители. Со својата волшебна убавина, богата историја и топлото гостопримство на локалното население Родос е дестинација која го задоволува и импресионира секој патник.
Програма на патување:
1 Ден Солун – Филеримос – Родос (Разглед на градот)
Состанок на групата на аеродромот во Солун и полетување за Родос.
Пристигнување на островот на Витезите. Автобуска тура до најубавите делови од градот.
Посета на Филеримос Ридот кој што доминира во областа, важи за свето место на жителите, а воедно и за една од најважните тврдини. На овој рид е изградена акрополата Иалисос, а таму сеуште се наоѓаат урнатините на храмот на Атина. Заминување кон градот Родос каде што започнува првото запознавање со него. Со придружба на водич ќе ги заобиколиме зидините во должина од 2 км, палатата на Големиот мајстор, а ќе продолжиме во Стариот град посетувајќи ги Саат кулата, Плоштадот Арионос, Џамијата на Мустафа, стариот градски замок и Плоштадот Хипократ. Слободно попладне за прошетка, трансфер до хотел, вечера, ноќевање.
2 Ден Линдос
Појадок во хотел.
По појадокот заминување во посета на источниот дел од островот. Поминуме низ Калитеа и се поклонуваме на Св. Тсампика, по што се пристига во живописниот
Линдос со својата традиционална островска архитектура. Следејќи ги лавиринстките рути, чекорите несвесно ќе не однесат до античкиот Акропол, сведочејќи за бурната
историја на островот и аџилак во црквата Пресвета Богородица. Враќање во хотел, вечера.
3 Ден Халки
Појадок во хотел.
По појадокот заминување до Камиро каде што не чека бродот кој ќе не однесе до островчето Халки, каде ќе уживаме во бистрите сини води и песочната плажа во
друштгво на тишината. Слободно време за ручек и бањање. Враќање во хотел, вечера.
4 Ден Кастелоризо
Појадок во хотел.
По појадокот заминуваме на еднодневна посета на островот Кастелоризо. Пристигнување и слобоно време за прошетка низ островот, јадење и бањање. Главен град и единствен населен дел на островот е Мегисти. Традиционалните островски куќи, уличките, двокатните дворци и живописното пристаниште ги воодушевуваат и најпребирливите туристи. Во таверните и рестораните околу пристаништето се служат вкусни локални специјалитети и риба. Доцна попладне се враќаме на Родос. Пристигнување во хотел, вечера.
5 Ден Суми, Панормитис
Појадок во хотел.
Тргнуаме кон пристаниште каде што се качуваме на брод кон Суми. Венецијанскиот остров со својата прекрасна архитектура со право се смета за еден од најубавите во
Додеканите. Во Суми ги разгледуваме традиционалните куќи изградени една до друга на стрмните падини. Шетање низ уличките и посета на сугерџиите. Наша
следна станица е пристаништето Панормитис со светиот манастир Таксиартис Панормитис со прекрасните фрески, библиотеката, фолклорниот музеј и внатрешниот
импресивен дрворезен иконостас. Враќање во хотел, вечера.
6 Ден Слободен или опционална посета на Мармарис, Турција
7 Ден Слободен до времето за заминување за Солун
Сместување – Хотел Арте 4* реновиран во 2023 година
Летови – секој понеделник и сабота од 6 јули до 2 септември
Полетување – Солун – Родос 14:05 – 15:20
Враќање – Родос – Солун 16:00 – 17:15
ЦЕНА 990 ЕУР
Во цената е вклучено
– Повратен авиобилет во економска класа со Aegean Airlines
– Сместување во хотел Арте 4* во Градот Родос
– Сите екскурзии и крстарења споменати во програмата
– Појадок и вечера
– Рачен багаж 8 кг + куфер 20 кг
– Придружник од агенција