Вила Јадран е лоцирана во мирниот дел на Улцињ, на 350 метри од Големата плажа. На 2 мин. пешачење од вилата се наоѓаат неколку маркети, пекара, слаткарница и разни продавници за сувенири и гардероба. Вилата располага со 1/2, 1/3 и 1/4 студија. Сите соби се комплетно опремени со фрижидер, сопствен тоалет со туш кабина, ТВ, Wi-Fi, клима (вклучена во цената) и балкон. Кујната е заедничка за гостите, но во секоја соба има фрижидер. Вилата поседува соствен паркинг за гостите.
КООРДИНАТИ: 41.91584103587592, 19.236607583335317
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Туристичка такса (1€ по лице од ден – се плаќа во вилата)
– Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ ЗА ЦРНА ГОРА:
– Скопје (Aвтобуска станица) – 45€
– Куманово (Автобуска станица) – 45€
– За деца (02-11.99 год.) се одобрува 50% попуст
– За билет во еден правец се одбива 15€